Анализи

Вуду економија Беа на работ на колапс, а сега се економско чудо на ЕУ

Беа на работ на колапс, а сега се економско чудо на ЕУ

Португалија поради кризата пред шест години зема 78 милијарди евра заем од ЕУ и ММФ. Невработеноста беше голема, а кон крајот на 2013 година 17,5 отсто. Истовремено банкротирале дури 41 отсто од фирмите. На земјата и се предвидуваше несветлата судбина на Грција, но денес Португалија е најсветлата ѕвезда во економскиот свет на ЕУ.

Колку пораснала португалската економија најдобро може да се види од споредбата со другите земји на ЕУ. Податоците за четвртиот квартал од 2017 година покажуваат дека Франција забележала раст од 0,6, Шпанија 0,7, Италија 0,3 и Холандија 0,8 отсто. Португалија? Дури 2,7 проценти, пренесува “Тајмс”.

 

Сето ова денес е речиси нереално ако се знае дека оваа земја, заедно со Грција и Шпанија, беше една од европските нации најмногу погодени од кризата. Единствената шанса за спас беа ММФ и меѓународните кредитори кои побараа остри мерки на штедење.
Во првиот момент тоа било направено. Тогашната Конзервативна влада го зголеми ДДВ, беше воведен дополнителен данок на приходи, платите, пензиите и придонесите се намалија, а се зголеми бројот на работни денови. Сето ова не даде резултати.

 

Економското закрепнување дојде дури во 2015 година со промена на Владата, формирана од Социјалистичката партија со поддршка на екстремната левица, која направила пресврт во однос на претходниот пристап. Наместо да штеди, новата влада го застапувала ставот дека треба да се зголеми потрошувачката. Новата Влада вети дека ќе ја зголеми минималната плата, ќе ги поништи претходните зголемувања на даноците, ќе ги врати платите и пензиите на ниво пред кризата, па платите во јавната администрација пораснале за 30 отсто, а било одлучено повторно да се прославуваат веќе откажани четири државни празници. Социјалните бенефиции за сиромашните беа зголемени, додека луксузните даноци беа наметнати на домови во вредност од повеќе од 600.000 евра, пишува „Гардиан“.

Новиот премиер Антонио Коста тврдеше дека штедењето ја вратила земјата три децении назад, а економскиот пристап на неговата влада политичките со потсмев ја нарекуваа “вуду економија”, најавувајќи речиси сигурна катастрофа на земјата. Се случи токму спротивното. Португалија застана на свои нозе.

Со новиот пристап, Португалија успеа да привлече нови инвестиции и да ги зголеми платите и пензиите и да го намали фискалниот дефицит. Сето ова не би било можно ако Лисабон нема одлични односи со Германија, која е еден од најголемите инвеститори во Португалија.

Сепак, резултатите се импресивни. До крајот на 2016 година, нешто повеќе од една година по формирањето на новата влада, властите можеа да се пофалат со одржлив економски раст и скок од 13 отсто во инвестициите.

Во едно неодамнешно интервју за „Дојче Веле“, португалскиот министер за финансии, Мануел Калдеира Кабрал појасни како Португалија стана малку економско чудо на ЕУ.

– Ја укинавме политиката на штедење што ја блокираше стапката на раст. Во исто време, продолживме да работиме на консолидирање на државниот буџет и намалување на долгот. Социјалните бенефиции ги држиме во рамките на границите, но приходот на граѓаните е поголем. Првиот чекор беше да се добие довербата на инвеститорите, но исто така и на граѓаните. Вториот чекор беше програмата „капитализар“, која имаше за цел создавање на подобри услови за бизнис, особено за малите и средни претпријатија. Главниот извор на нашиот раст се инвестициите и извозот -рекол Кабрал.

Во истото интервју, министерот  истакнал дека намалувањето на платите е секогаш наједноставното решение, но тоа е секогаш лошо решение.

– На тој начин можеби може да се зголеми конкурентноста на краток рок, но тоа никогаш не е вистинска стратегија за среднорочна и долгорочна конкурентност”- вели Кабрал.

 

Португалија се уште го отплаќа долгот, но во однос на Грција, разликата е повеќе од очигледна.