Бебе од четири дена заглавено на унгарско-српска граница – Европа спие! (ВИДЕО)

Бебе од четири дена заглавено на унгарско-српска граница - Европа спие!
Бебе од четири дена заглавено на унгарско-српска граница - Европа спие!

Бебе старо четири дена и неговите родители преживуваат драма на унгарско-српската граница, која Унгарија ја затвори денеска. Тие не можат назад во Србија, не можат ни во Унгарија, а Европа ги остави на цедило.

Таткото на малата Раф, Јосуф Аба Зед, вели дека не знае уште колку ќе можат да издржат на границата, пишува српски „Телеграф“.  Тој избегал од војната во Сирија со сопругата, минувајќи низ Турција, Грција, македонија, Србија за да на границата во Унгарија го заробат зад бодликава жица. Оваа граница до вчера беше главна рута на мигрантите на патот кон Европа.

Аба Зед, за медиумите изјавил дека Раф е замотана во ќебе и постојано е во рацете на својата мајка. Таа е родена на грчки остров пред четири дена. Неговото семејство е заробено на ничија земја и очајнички моли за помош, но унгарските власти не им одговараат. Всушност, цела Европа ја нема.

Фотографии од бебето Раф се појавија откако се затвори границата на Унгарија и се прогласи вонредна состојба. Унгарскатта полиција истакна дека спречила речиси 10.000 луѓе да влезат во земјата. Армијата на оваа земја, исто така е мобилизирана . Според новиот закон, тие кои ќе се обидат илегално да ја поминат границата, ќе бидат веднаш уапсени. До сега Унгарија одговорила на 16 барања за азил и сите ги одбила.

Унгарија планира да ја продолжи жичаната ограда до границата со Романија, а на оваа одлука романското министерство за надворешни работи одговори:

Кревање бодликава жица помеѓу две земји од Европската Унија кои се стратешки партнери не е коректен гест од политичко гледиште.

За тоа време, што ќе се случува со малата Раф никој не е сигурен, и како ова бебе ќе преживее во суровите услови зад бодликавата жица на границата на Унгарија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.