ВИДЕО: Се породи во автомобил на пат кон болница

Жена го роди третото дете на пат кон болница. Младиот  пар го снимил процесот. Жената која седела на совозачкото седиште не успеала да издржи до болницата, па бебето го родила во нивниот автомобил.

Таа се породува без ничија асистенција. Нејзините чувства се измешани, прво се смее, а потоа панично прашува што да прават.

Младиот пар од Хјустон си доби  жив и здрав син. Ова им е трето дете, а имаат веќе две девојчиња на возраст од една и три години.