Бебе преживеало 13 часа во студена вода покрај мртвата мајка

Осумнаесетмесечно бебе преживеало 13 часа на студ покрај мртвата мајка која починала во сообраќајна несреќа во американската сојузна држава Јута, пренесуваат медиумите во САД.

kola500

Риболовец ја пронашол Лили во автомобилот кој бил половина во вода откако излетал од мост и паднал во река. Малото девојче цели 13 часа била на задното седиште, полупотоната во студената вода. Бебето кое со хеликоптер е пренесено во детска болница се бори за живот.

Полицијата ги истражува околностите под кои се случила несреќата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.