Бебе тешко шест килограми родено во Тузла

Дваесет и тригодишната Елвира Муладвиќ од Живница роди синче тешко шест килограми и долго 66 сантиметри по природен пат.

Таа се породила во Клиничкиот центар во Тузла, од каде наведуваат дека не се сеќаваат претходно некое бебе да тежело колку ова. Ова и е петто дете на Елвира која вели дека чувството е неописливо.

Елвира претходно ги има родено Ајдин, Арнела, Мејрем и Елвиса.

-Кога ќе дојдеме дома, се надевам дека тоа ќе биде брзо, со сопругот ќе одлучиме за името на детето. Мене ми е најважно што породувањето помина без никакви проблеми, а очекував дека детето ќе биде поголемо од останатите, бидејќи имав стомак, како што вели народот, „до заби“, вели Елвира.

Лекарскиот тим го предводел Амер Манџиќ, доктор по гинекологија. Во текот на вчерашниот ден детето било под постојан надзор.

-Во Клиниката работам 37 години и колку што знам досега се нема родено бебе со волкава тежина и должина. Породувањето треше крако, знаевме дека бебето ќе биде крупно, бидејќи Елвира четири пати претходно сме ја породувале, но не се надевавме дека ќе биде со тежина од шест илограми и должина од 66 сантиметри, вели акушерката Даница Дивковиќ.

Елвира признава дека до минататанедела не го знаела ниту полот на бебето. Имено, не одела на редовни пргледи, а во неделата почуствувала породилни болки па се јавила во Клиничкиот центар во Тузла.

-Мене ми е најважно бебето да е во ред. Не планирам уште едно дете, вели низ смеа Елвира.

Елвира и нејзиниот сопруг се невработени. Таа завршила основно образование, додека нејзиниот сопруг го изучил месарскиот занает. Се запознале пред седум години во Тузла.

-Децата ги одгледуваме со помош на свекрвата и детскиот додаток кој го примаме. Сопругот се снаоѓа како умее, вели Елвира.