Бебе загина во сообраќајка на патот Кичево-Охрид

Три лица се повредни а едно бебе загина во сообраќајна несреќа меѓу две возила која околу 18.15 часот се случила на патот Кичево-Охрид.

Тројцата повредни се пренесени во медицинскиот центар во Кичево, а сообраќајот на овој пат правец е целосно во прекин.

Повеќе информации и детали за сообраќајката се очекуваат за подоцна.