Бебешката храна „Лакталис“ има салмонела

За да се превенираат инфекциите со користење на млечната храна за доенчиња производ на француската компанија Лакталис, која како небезбедна, поради утврдено присуство на бактеријата Salmonella Agona во неколку наврати беше повлечена од македонскиот пазар, Агенцијата за храна и ветеринарство ги дава следниве препораки до потрошувачите:

-Да не се користи млечната храна за доенчиња која беше повлечена од пазарот, а која потрошувачите веќе ја купиле. Купената храна може да се врати на местото од каде е купена.

-Рацете да се мијат пред и по подготовката на шишето за млеко;

-Храната да не се подготвува однапред, а содржината од шишето треба да се фрли доколку не се консумира во период од 2 часа.