Македонија,Крими хроника

Бебето што беше оставено на автомобил било злоставувано?

Бебето што беше оставено на автомобил било злоставувано?

Тримесечното бебе кое утрово беше оставено на паркиран автомобил во центарот на Скопје можеби е злоставувано, велат за телевизија „Канал 5“ лекарите од Детската клиника во Скопје.

Според повредите кои ги откриле на телото на бебето, лекарите од Детската клиника каде тоа било хоспитализирано, изразија сомнеж дека било злоставувано.

Откако случајот бил пријавен од случаен минувач бебето било веднаш згрижено и префрлно во болница.