Магазин

Беби Дол: Немам пари ни за леб!

Беби Дол: Немам пари ни за леб!

Српската пејачка Драгана Шариќ, позната како Беби Дол, пред само недела дена се врати од Америка во Србија и повторно паднала во очај. Таа била на кафе со пријателите кога и пришла екипата на српски „Ало!“ и ја замолила да даде изјава, а Беби Дол со потресен глас рекла дека не сака да се експонира.

– Ма оставете ме мене, не сум јас за фотографирање. Немам пари за леб, а не пак да се фотографирам. Дојдов со пријателите на кафе, одвај живеам откако се вратив од Америка – изјавила Беби Дол за српски „Ало“.

Нешто подоцна, нејзин близок пријател рекол дека Беби Дол е во многу лоша ситуација и дека е на работ на егзистенција.

– Откако се врати во Србија, Беби буквално не излегува од станот бидејќи не сака луѓето да ја гледаат во состојба која не е репрезентативна. Таа секогаш беше слаба, но сега навистина нејзината килажа се граничи со анорексија. Во кафулето каде што ја сретнавте речиси никој не ја препозна, а и се закамуфлира со капа и очила за сонце. И престојот во Америка негативно влијаеше на неа. Таа нема од што да живее бидејќи времето на нејзината музика помина и не може да заработува како некогаш. Не знам ниту кога ќе се врати во Америка кај сопругот – рекол блискиот пријател на славната пејачка.

Драгана пред речиси една година тајно се венча со долгогодишното момче Алекс Тодоровиќ, кој живее во Америка.

Пред неколку месеци „Ало!“ објави дека пејачката има долг од околу 2.000 евра кон својот венчален кум Оливер Мандиќ и дека поради тоа тие двајца се во лоши односи. Имено, Мандиќ на Беби и позајмил пари за венчавката, но таа не му ги вратила. Тогаш Мандиќ прокоментирал дека за тоа не треба да се пишува, бидејќи нема потреба во јавноста да се изнесуваат такви работи.