БЕДЕМ: Пендаровски, Фрчковски и нивните партиски ментори да се извинат за навредите кон македонскиот народ

Здружението на бранители БЕДЕМ ги осудува навредите искажани од Стево Пендаровски и од Љубомир Фрчковски кон учесниците на големиот народен собир, кој се оддржа во понеделникот, а кој ние како здружение на бранители го поддржавме и присуствуваме, реагираат од БЕДЕМ.

– Нивните зборови се навреда кон целиот македонски народ и навреда кон бранителите, кои се бореа за слободата и стабилноста на државата, а некои и ги дадоа своите животи за слободата. Бранителите не се „овци“ како што не’ прикажа Пендаровски, ниту некој долна класа како што потценувачки и саркастично сакаше да ги престави Фрчковски. Таму имаше горд македонски народ, бранители кои како секогаш се со својот народ и во функција на својата држава. Срамно е што и од нивните матични партии немаше ниту извинување ниту оградување. Тоа дополнително влијае за кревање на напнатоста и свесно и намерно создавање на раздор. Бранителите го даваат и ризикуваат својот живот за оваа држава и никој, а најмалку ликови како Пендаровски и Фрчковски имаат право да го валкаат и потценуваат нашето дело. Овие луѓе немаат ниту една тула вградено во оваа држава, туку напротив сите функции кои што ги извршуваа беа за лично богатење, и личен интерес, се вели во реакцијата на БЕДЕМ.