„Бедем“ се приклучува кон големиот народен собир во понеделник

Кон големиот народен собир, кој ќе се оддржи во понеделник на 18. мај во 20 часот се приклучува и здружението на бранители „Бедем“.

Бранителите велат дека заедно со народот ќе застанат против натамошната дестабилизација на земјата и црните сценарија.

-На 18-ти мај, во понеделник, Македонија, бранителите и народот на Македонија, ќе покажат и ќе дадат едно големо ДА за Македонија која е силна, Македонија за која ние се боревме и секогаш ќе се бориме. Повеќе од очигледно е дека постојат две групи на луѓе, првата група е онаа која во спрега со странските служби сака да ја дестабилизира Македонија преку црни сценарија и втората е македонскиот народ кој ќе даде силна поддршка за силна Македонија, истакна претседателот на „Бедем“ Горан Димоски.

Од „Бедем“ ги повикаа сите да излезат на големиот народен собир за поддршка на стабилна и силна Македонија.

-Ги повикувам сите бранители во понеделник на 18 мај, со своето присуство да и` дадеме поддршка на Македонија, за онаа Македонија за која ние секогаш се бориме, ќе се бориме и секогаш ќе бидеме тука, додаде Димоски.