„Бедем“ со поддршка на собирите за благодарност на полицијата

Здружението на бранители „Бедем“ изразува поддршка на граѓанската иницијатива, иницирана од ГДОМ, за поддршка на македонската полиција.

Членовите на „Бедем“, како што соопштија, ќе присуствуваат на мирољубивите и мирни собири на плоштадите во 23 града во државата кои ќе се одржат во знак на благодарност за храброста и пожртвуваноста на хероите од македонската полиција.

– Припадниците на полицијата се луѓето кои ги ризикуваат своите животи во одбрана на нашата татковина и обезбедување соживот, мир и толеранција. Полицијата е пример кој треба да биде следен, како граѓани од сите националности се обединети во една цел и функција, обезбедување мир и одбрана на својата држава, стои во соопштението од „Бедем“ и се поздравува антитерористичката акција на полицијата која, се подвлекува, беше спроведена максимално професионално запазувајќи ги сите стандарди на акции од таков вид.

„Бедем“ ги повикува своите членови и сите почитувачи на бранителите да излезат на плоштадите во 23 града со почеток во 19 часот и да ја дадат својата поддршка на македонската полиција.