БЕДЕМ: Згрозени сме од јавната поддршка на терористите

Здружението на бранители Бедем е згрозено од јавната поддршка на косовската 113-та бригада вчера на митингот на СДСМ и Зоран Заев, чие водство, командант и заменик командант е истото кое изврши терористички упад во Куманово, велат од БЕДЕМ.

uck-zaev-2

-Здружението Бедем истовремено остро ги осудува и картите и знамињата на Голема Албанија кои се вееа на вчерашниот митинг организиран од СДСМ. Тоа се антидржавни чекори од кој што политичките лидери присутни на вчерашниот собир треба да се срамат. Додека ги поддржуваат терористите во Куманово, треба да им е јасно дека во истата таа акција загинаа 8 македонски бранители и херои, триесетина полицајци беа ранети, се вели во соопштението од БЕДЕМ.

uck-zaev-1

Од Здружението нагласуваат дека не можат да ја разберат подлоста на Зоран Заев кој во деновите на жалост, наместо кај македонските бранители кои беа ранети во акцијата присуствуваше во кумановската дива населба, згора на тоа, додека македонскиот народ се простуваше со загинатите полицајци тој со знакот на УЧК, насмеан беше во прегратки на поддржувачите на терористичката група.

uck-zaev

-Ваквата срамна поддршка говори и за смислен упад на терористичката група во Куманово чија цел е дестабилизација на државата, а сето тоа наоѓа на политичка поддршка на одредени кругови кои не се срамат јавно да ги поддржат луѓето кои им пружаат логистика. Зоран Заев покажува дека е во неформален сојуз со истите тие кои пукаа во македонските полицајци, стои о соопштението.

uck-zaev-3

Од БЕДЕМ нагласуваат дека Заев покажал поголема грижа за нив, откколку за оние кои ја бранеа државата, уставот и поредокот. Здружението Бедем и сите бранители во државата јавно го осудуваат ваквото однесување кое е на штета на соживотот и ги подрива темелите на државата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.