Беџет Пацоли најбогат политичар на Косово

Најбогат политичар на Косово е Беџет Пацоли, лидерот на Алијансата за Ново Косово, покажуваат изјавите доставени до косовската антикорупциска агенција.

Неговото богатство тежи 340 милиони евра.

„Најсиромашен“ е Албин Курти, лидер на Движењето„Самоопределување“,кој откако си го продаде станот наследен од родителите за изборната кампања за претходните парламентарни избори сега живее во стан под кирија. Тој пријавил само годишен приход од 19 илјади евра. Истите приходи ги пријавил и лани.

Пацоли, кој се смета за еден од најбогатите Албанци во светот, споредено со претходната година, лани, богатството го зголемил за 35 милиони евра.

Во изјавата за 2014 година Пацоли пријавил акции надвор од Косово вредни 140 милиони евра, 80 милиони акции во неговата компанија „Мабетекс холдинг“, 20 милиони евра акции во осигурителната компанија „Сигуриа“, 42 милиони евра го проценил хотелот „Свис Дајмонд“ во Приштина. Тој има куќа надвор од Косово вредна 17,7 милиони евра и 7,3 милиони евра земјиште надвор од Косово.

Во имотниот лист пријавил дека поседува и приватен авион од 18 милиони евра и 7,5 милиони евра на банкарска смета…