Бегајќи од сопругот на љубовницата, завршил гол на терасата на сосетката

Бегајќи од сопругот на љубовницата, „љубовџијата“ завршил гол на терасата на сосетката. Ова е една од несек

Било околу три часот изутрина кога жена на терасата од својот стан на третиот кат во една зграда во скопски Аеродром здогледала маж без облека, како од мајка роден. И мажот ја видел жената што била внатре, па почнал да и тропа на стаклото од балконската врата за да му отвори.

Жената испаничена, мислејќи дека е крадец, манијак или некој криминалец, наместо да му отвори, ја кренала телефонската слушалка и свртела на линијата 192, пишува „Нова Македонија“.

Откако ја добиле пријавата, вработените во полициската станица во Аеродром веднаш се упатиле на местото на настанот и навистина сликата што ја затекнале била таа: на терасата имало маж без облека.

Како што раскажуваат полицајците, на човекот му била дадена престилка да се покрие и почнале разговор за тоа како стигнал на балконот на третиот кат од зградата.

Набрзо се дознало дека мажот ѝ бил љубовник на сосетката на жената што пријавила во полицијата. До непријатната ситуација дошло поради тоа што сопругот на сосетката неочекувано дошол дома, а „љубовџијата“ немајќи време, истрчал на балконот, а оттаму се прекачил на соседниот. Првично тој сакал да рипне за да се спаси од ситуацијата, но се откажал поради височината, па му останало само да се прекачи на соседниот балкон или да се соочи со сопругот на љубовницата.

– Од страна на полициските службеници, лицето било однесено до својот дом, со оглед на тоа дека бил без гардероба, а на пријавувачката ѝ „олеснило“, бидејќи не станувало збор за насилник или за криминалец – појаснуваат од полицијата.

Повеќе од овие комични, но вистинити случки на „Нова Македонија“.