Бегал од „aлфите“, па со точак удрил во службено лице

Припадник на единицата „Алфа“ вчера околу 16 часот на булеварот „Гоце Делчев“, при обид да легитимира лице кое било со велосипед, тоа почнало да бега и откако започнале да го бркаат со велосипедот удрил во едно овластено службено лице, од што и двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во Ургентен Центар „Мајка Тереза“.

Се работи за 50-годишниот С.М. од Скопје, кој бегајќи се здобил со тешка телесна повреда.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.