Бегал од полицијата, па излетал од патот: Откриени девет илегални мигранти

Девет мигранти од Авганистан биле откриени во комби. Возачот на возилото бегал од полицијата, а потоа излетал од патот.

Како што јавува МВР, вчера околу 05.00 часот, од страна на полициски службеници кај село Прдејци забележано било товарно возило „мерцедес вито“, а при обид да биде сопрено истото ја зголемило брзината и продолжило да се движи. По ова, кај село Калково возилото излетало од патот и удрило во нискостеблести растенија, по што возачот се дал во бегство.

Во возилото се пронајдени девет мигранти од Авганистан, кои се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје, а се преземаат мерки за откривање на возачот.