Свет

Бегалци ја пресекоа жицата на српско-унгарската граница

Бегалци ја пресекоа жицата на српско-унгарската граница

Група бегалци изутринава ја пресече оградата на границата меѓу Унгарија и Србија. Шестнаесет лица се преведени и тие ќе бидат првите врз кои ќе биде применет новиот закон за државна граница.

Како што јавува унгарската државна телевизија М1, групата бегалци во близина на преминот Реске-Хоргош ја пресекле бодликавата жица и ја пробиле оградата, по што влегле во Унгарија. Поригорозниот закон за државна граница кој синоќа стапи на сила, помеѓу останатото предвидува казна затвор до три години за оние кои илегално ќе ја преминат границата.

Самата граница е затворена, откако е затворен и последниот премин кои го користеле бегалците, а тоа е пругата Суботица – Сегедин, на која вчера попладне беше поставен вагон со бодликава жица.

2

 

Собирниот центар во Реске е презен, а го напуштија и претставниците на хуманитарните организациии. На граничниот премин Хоргош 2 утрово има голем број бегалци, кои од затворањето на границата половина час по полноќ чекаат да влезат во Унгарија. Групи бегалци по локални патишта и понатаму пристигнуваат во групи, а оние кои стигнале вчеравечер се во шатори.

Исто така унгарската телевизија М1 јавува дека бегалците, кои успеале да ја преминат границата со возови ќе бидат префрлени во правец на западната граница на земјата.

3

Како што наведуваат, утрово околу 4 часот на Железничката станица во Реске е поставен воз со 16 вагони во кој константно се сместуваат бегалци, чие поаѓање се очекува во утринските или претпладневните часови.


Судир на Курди и Турци во Германија

Вистински хаос беше предизвикан на улиците низ Франкфурт откако се судрија група Турци и Курди.

frankfurt

Полицијата веднаш интервенираше меѓу разбеснетата толпа, меѓутоа неколку лица се повредени во тепачката меѓу двете групи.