Германија сместува бегалци во концентрационен логор

Германија сместува бегалци во концентрационен логор. Вкупно 21 бегалец кои избегале во Европа во моментов се сместени во бараките на поранешниот концентрационен логор Бухенвалд – местото каде илјадници лица беа брутално убиени за време на Втората Светска војна.

Како што соопштуваат светските медиуми, во зградата се поставени основни уреди за готвење и монтажни кревети.

Тоа е итно решение, но е неизбежно. Има доста место во хангарите, вели градоначалникот на областа Мите во Берлин, Кристијан Ханке за Дејли меил.

Дваесетгодишниот Абдурахман Маса за Дејли експресс вели дека не му пречи озлогласеното минато на зградата.

Германија сместува бегалци во концентрационен логор
Германија сместува бегалци во концентрационен логор

Друга бегалка која се претставува како Диаојре од Алжир, вели дека живее во зградата цела недела и дека е „добро“, додавајќи дека голем број други го немаат ниту тоа.

Бегалците добиваат месечно по 135 евра, за да купат храна и други неопходни производи.

Инаку, властите уште во јануари објавија дека дел од бегалците ќе бидат сместени во озлогласениот концентрационен логор. Во тој период градските власти тврдеа дека имаат околу 200 баратели на азил, а немаат средства за да обезбедат привремено сместување за нив. Според градскиот совет, одлуката за преместување на бегалците во овие простории е „практична“.

Во периодот од 1937-та до 1945-тата вкупно 250.000 лица биле држени во концентрациониот логор Бехенвалд, каде биле постојано измачувани. Логорот е озлогласен поради застрашувачките медицински експерименти врз луѓето. Според официјалните податоци, се смета дека во кампот животот го загубиле 55.000 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.