Свет

Бегалци купуваат сириски пасоши за полесно да влезат во ЕУ

Бегалци купуваат сириски пасоши за полесно да влезат во ЕУ

Лондонски „Дејли Телеграф“ открива дека мигранти од земјите на Северна Африка и Блискиот Исток преку Фејсбук купуваат фалсификувани сириски пасоши, за да се прикажат како бегалци од Сирија и на тој начин полесно да влезат во ЕУ.

Илјадници лажни документи се наоѓаат во оптек во Турција, но и земјите кои се наоѓаат на трасите по кои се движат мигрантите кон државите од ЕУ. Пограничните власти на Унијата ги означуваат овие документи како „паднато овошје“ спремно за собирање од страна на економските мигранти кои се обидуваат да се провлечат во актуелната бегалска криза, прикажувајќи се како бегалци.

Преправен новинар на овој весник, прикажувајќи се како египетски мигрант се јавил на телефонски број во Турција оставен на Фејсбук, каде шверцери на луѓе му понудиле фалсификуван сириски пасош за 1.400 евра, барајќи од него да доплати уште 1.200 евра за преминувањето низ Турција и Грција.

Ваквите состојби се обелоденети откако германската полиција уапси еден Мароканец, припадник на групата Исламска држава, кој имал лажни и се претавувал како азилант, бегалец од војната.

Весникот тврди дека Сиријците кои бегаат од својата земја поради војната, што трае веќе четири години, сега се гневни на луѓето од Ирак, Судан ,Либија, Египет, но и од Авганистан и Пакистан, кои лажно се прикажуваат како Сиријци, верувајќи дека на тој начин лесно ќе се провлечат во ЕУ.

Се почесто во текот на мигрантските патувања, избувнуваат тепачки меѓу вистинските Сиријци и оние кои лажно се прикажуваат дека бегаат од Сирија.

Еден таков инцидент се случил деновиве во Бели Манастир во Хрватска, откако Сириец-лекар кој 30 години живее во оваа земја, открил дека најголемиот број од оние што се пријавуаат како Сиријци не се тоа, како и дека многу од нив не знаат ниту еден арапски збор.

Според податоците на ЕУ, само еден од петмина мигранти се од Сирија, но дека на некои гранични премини и по 90 отсто од мигрантите се пријавиле како Сиријци.

Во Бугарија се запленети десет илјади лажни сириски пасоши, а извршниот директор на пограничната агенција на ЕУ – Фронтекс Фабрис Лежери изјави за „Дејли Телеграф“ дека луѓе кои сега се во Турција купуваат фалсификувани сириски пасоши, за да се пробијат до ЕУ и влезат во Унијата како бегалци, прикривајќи се дека се само економски мигранти, во потрага по работа и подобар живот, пренесува МИА.