Бегалци од Украина продолжуваат да пристигнуваат во Русија

Во последните 24 сата од пограничните украински градови во Русија избегале уште 1000 лица, изјави портпаролот на руското Министерство за вонредни ситуации Александар Дробишевски.

Вкупниот број на бегалци од Украина порасна на 42.400 меѓу кои 15 илјади деца, а тие се распределени во 585 привремени прифатни центри во Русија, наведува Дробишевски, а пренесува Итар-Тас.

Најголем број на бегалци се наоѓаат во Ростовската област, која се граничи со Русија, како и на полуостровот Крим, од каде што бегалците се испраќаат во другите делови на Русија.

Во градот Доњецк во Ростовската област, близу границата со Украина, на 2 јули е воспоставена мобилна амбуланта во која секојдневно доаѓаат бегалци.

До сега таа амбуланта пружила медицинска помош за 1.169 луѓе, меѓу кои се и 1.157 деца.