Балкан

Бегалци се судрија со хрватската полиција

Бегалци се судрија со хрватската полиција

Хрватската полиција денес се судри со група бегалци, кои беа спречени да влезат во новосоздадениот прифатен центар за регистрирање на бегалци, кои бараат азил во Европа.

Проблемите во кампот почнале со пристигнување пред влезот на центарот на повеќе бегалци отколку што властите можеле да прифатат. Полицијата во хрватското село Опатовац ги оддалечила луѓето од влезот на зградата и побарала од нив да почекаат да дојде нивниот ред.

Хрватска се обидува да воспостави ред во хаосот, кој ја зафати земјата од 15 септември, кога Унгарија ја затвори границата со Србија. Одлуката на унгарските власти ги пренасочи мигрантите кон Хрватска.