Бегалци во Хрватска: „Прекинете ни ја агонијата и болката!“ (ВИДЕО)

Бегалци во Хрватска: „Прекинете ни ја агонијата и болката!“
Бегалци во Хрватска: „Прекинете ни ја агонијата и болката!“

„Би-Би-Си“ објавии видео прилог од хрватско-словенската граница, каде што една жена детално објаснува низ каква голгота илјадници луѓе минуваат секој ден, додека чекаат да им се разреши судбината.

„Се чувствуваме дека на животните им е подобро отколку на нас, а ние сме луѓе, вели таа, и преколнува: „Прекинете ни ја агонијата и болата“.

Според нејзините зборови, на границата се подолго од 10 часа.

„Овде смрзнуваме. Имаме деца, некои се стари само по неколку дена. А, никому за нас не му е грижа! Ниена влада не се грижи!Ни се смеат и велат дека не можат да сторат ништо, бидејќи чекаат наредби?! Ние сме луѓе, а не животни. Ве молиме, ве молиме, ве молиме! Ние сме луѓе, што е со човековите права?, вели таа низ плач.

На прашањето дали планира некогаш да се врати во Сирија, таа вели дека сака да се врати, ако е тоа возможно.

Уште ена млада Сиријка раскажува дека тргнала на пат за да ја прекине агонијата и болката со кои таа и нејзините најблиски биле изложени со години.

Нејзиното име е Шаиме, а на пат тргнала со мајката и со сестрите.

„Се’ се смени во нашето опкружување од очетокот на војната во Сирија. Нема веќе ништо од тоа што некогаш сме го имале. Ни треба само малку разбирање и помош.