ВИДЕО: Бегалците во знак на протест го запалија кампот во Словенија

Бегалците во знак на протест го запалија кампот во Словенија. Утринава избувнал пожар во преполниот камп за бегалци во Брезице, Словенија.

begalci-slovenija-3

Луѓето во паника викале „Отворете, отворете“, а според пишувањата на Дневник.хр бегалците намерно го подметнале пожарот во знак на протест.

Во првиот миг не било јасно дали огнот настанал затоа што бегалците се грееле со палење оган, но со оглед на тоа дека речиси во секој шатор избувнал пожар, станало јасно дека пожарот е предизвикан намерно во знак на протест.

kamp-begalci-slovenija-1

Инцидентот траел околу половина час, а набрзо потоа пожарникарите го угасиле пожарот. Неколку стотици бегалци со пет автобуси биле пренесени во Австрија.