Македонија

Бегалците од Идомени бараат нови патишта по балканската рута

Бегалците од Идомени бараат нови патишта по балканската рута

Како што пренесува БТА, некои од бегалците успеале да ја преминат границата, не не стигнале многу далеку од кампот.

Според очевидците, група од 70 бегалци во саботата ја преминале границата од Грција кон Македонија, преку местата кои не биле заградени, оддалечени 20 километри од кампот Идомени. Наводно, и други бегалци од Идомени смислуваат план како да ја минат границата, за да го продолжат својат пат кон посакуваните дестинации во Европа.