Бегалците во Германија се преквалификувани

Околу 71 отсто од бегалците во Германија се преквалификувани за работата што ја имаат, покажува работен документ на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), според кој во ЕУ околу 60 проценти од работната сила е преквалификувана.

Анализата е направена врз основа на барањата за работа од страна на бегалците и нивните квалификации. Околу 54 отсто од бегалците сметаат дека тие имаат повеќе квалификации од потребните за нивните работни места, јавува дописникот на МИА од Берлин.

За споредба само, 16 отсто од Германците се преквалификувани за своите работни места, а во ЕУ овој просек е на ниво од 21 процент. Во извештајот, ЕК и ОЕЦД ја фалат Германија за мерките преземени за интеграција на бегалците на пазарот на работна сила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.