петок, 18 август 2017  |  Вести денес: 49

Бегалец од Сенегал доби на лото 400.000 евра

Нгагне и неговата сопруга имале само пет евра во паричникот во моментот кога дознале за добивката.

begalec-loto-1

Последни вести

Бегалец од Сенегал кој стасал во Европа на преполнет брод со мигранти доби 400.000 евра на божикната лотарија во Шпанија, пренесува британски „Индепендент“.

Нгагне, 35 – годишниот бегалец е само еден од илјадниците што играле за добивката на познатата шпанска игра на среќа Ел Гордо. Кога неговиот град Рокетас де Мар ја освоил првата награда, сите што купиле лото ливче во градот биле автоматски именувани за да го поделат огромниот џек пот во вредност од 630 милиони евра.

Тој во изјавата по добивката им се заблагодари на спасувачките служби во Шпанија кои му го промениле животот откако интервенирале за да ги спасат африканските бегалци на неговиот брод.

На бродот имаше 65 лица. Сакам да им се заблагодарам на Шпанците и на шпанската влада што ме спасија кога бев на море, рече тој.

begalec-loto-2

Нгагне откри дека во 2007-мата кога тој и неговата сопруга успеале да пристигнат во Шпанија немале никаков имот. Прво тие биле пренесени во тенерифе, а потоа се сместиле во градот Рокетас де Мар на јужниот брег.

Тој последните осум години работел како земјоделец во Алмериа, но само неколку дена пред да добие на лото, добил отказ.

Како што рече, тој и неговата сопруга имале само пет евра во паричникот во моментот кога дознале за добивката.

Победничката комбинација 79140 ја имало на вкупно 1.600 лото ливчиња во Рокетас де Мар. Втората награда им припадна на добитниците во Севилја и Гранада.

Најчитани вести