среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 49

Бегалец се запали во знак на протест на јужната граница (ВИДЕО)

Тензиите растат во пограничниот камп кај Идомени откако договорот меѓу ЕУ и Турција не резултираше со она на што се надеваа бегалците: отворање на границите кон остатокот од Европа.

Поврзани вести

Еден Сириец денеска се обиде да се запали за време на протест на македонско-грчката граница, каде што илјадници бегалци се заглавени по затворањето на границите за мигрантите, објави МКД.МК

Сведоците го идентификуваа човекот како Емад, од Рака, Сирија.

 

Тензиите растат во пограничниот камп кај Идомени откако договорот меѓу ЕУ и Турција не резултираше со она на што се надеваа бегалците: отворање на границите кон остатокот од Европа. Речиси 300 мигранти учествуваа во протестот на границата, трет во последниве 24 часа, во кој мажи, жени и деца викаа „Отворете ги границите“.

Вчера грчкиот министер за миграција Јанис Музалас рече дека кампот ќе биде евакуиран најдоцна до април.

 

Најчитани вести