Бегалка од Сирија се породи во Гевгелија

Бегалка од Сирија денеска се породила во болницата во Гевгелија. Таа родила здраво девојче.

Жената утрината добила болки, а во болницата дошла придружувана од сопругот и граничната полиција.

Таа и нејзиното семејство коишто бегаат од Сирија со намера да стигнат во Германија кај нивни роднини кои веќе добиле азил во моментот кога настапиле породолните болки се наоѓале во граничниот појас.