Ние нема да поставиме ограда како Унгарија, нема да праќаме војска на граница, тоа не е решение. Ние не ја затворивме границата, туку само граничните премини. Ги примаме бегалците, но нашите капацитети се мали, кажал хрватскиот премиер, Зоран Милановиќ, на денешната вонредна конференција за новинари.
Без оглед на тоа што Хрватска е транзитен простор, ние веќе не можеме. Повеќе од 13.000 бегалци влегоа во земјава, некои излегоа, но повеќето се останати. Нема веќе каде да ги сместиме. Ја повикуваме ЕУ и тие кои не сакаат да најдат решение за бегалската криза, да сфатат дека Хрватска нема да биде собирен центар за бегалците во Европа.
Ќе почнеме да применуваме нови методи, но не како Унгарија. Ќе почнеме да го применуваме планот Б, ќе бидеме пофлексибилни. Ние повеќе не можеме да примаме нови бегалци. Ќе им дадеме вода, храна, ќе ги згрижиме болните, и нека одат понатаму, нагласил Милановиќ.
Тој воедно посочил дека проблемот со бегалската кризза е многу подлабок и дека е стотина километри одалечен од Хрватска.
Тоа е границата меѓу Турција и Грција. Бегалците во Турција не се животно загрозени. Грција не врши ндзор на шенгенската граница, таа ги затвора очите. Грција тоа го прави поради некои причини, а и Европа го прави истото. Па бегалците понатаму се насочуваат кон Хрватска, бидејќи Унгарија и Словенија ги затворија границите. Неможе Хрватска да има 100.000 бегалци, а Европа да бира кои да ги прими, а кои не, кажал хрватскиот премиер.