Бегалските кампови на грчките острови под снег и на поларни температури

Бегласките кампови на грчките острови се покриени со снег, јави весникот „Та Неа“, кој додава дека бегалците по островите водат битка за опстанок во снегот, во услови на поларни температури, без греење и во мизерни услови на живот.

Во кампот Морија на островот Лезбос снегот ги покрил шаторите на бегалците, а на островите Самос и Хиос десетици бегалци живеат на ладно и без греење.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, невладината организација „Лекари без граници“ и Високиот комесаријат на ОН за бегалци предупредуваат за нехуманите услови во камповите.

На островот Евбеја е прогласена вонредна состојба и таму снежната покривка достигнала два метра. Од саботата многу села на островот се отсечени од светот. Во некои населени места нема струја и вода.

Без струја повремено остануваат и други области во земјата, а сточарите бараат помош за да стигнат до шталите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.