Беговиќ сака и во Реал (М) и во Манчестер Ј.

Првиот голман на англискиот премиерлигаш Стоук, Асмир Беговиќ, изјави дека е среќен поради информацијата дека за неговите услуги интерес покажале челниците на Манчестер Јунајтед и на Реал (М), но додаде дека се уште нема остварено контакт со заинтересиранот клуб.

„Не е точно дека сум остварил контакт со челниците на Манчестер Јунајтед или тие на Реал (М). Јас можам да кажам дека сум среќен поради пласираните информации дека сум желба на тие два клуба, дека такви гиганти покажале интерес за моите услуги. Сепак, морам да кажам дека сум среќен и таму каде што сум во овој момент. Убаво ми е во Стоук, но јас сум амбициозен голман и нормално дека сакам да постигнам некој голем успех во мојата кариера”, изјави босанскиот интернационалец.