Магазин

Беи Дао го претстави своето творештво во црквата „Света Софија“ во Охрид

Беи Дао го претстави своето творештво во црквата „Света Софија“ во Охрид
Беи Дао го претстави своето творештво во црквата „Света Софија“ во Охрид

Добитникот на „Златниот венец“ на 54. Струшки вечери на поезијата кинескиот поет Беи Дао, синоќа имаше свое претставување во црквата „Света Софија“ во Охрид.

Говорејќи за неговото минато, пред присутните во храмот, тој истакна дека животот си го гледа низ долг и темен тунел, на чиј крај е неговото детство.

Бегање од часови уште од мала возраст, читање, фаќање штурци и медитации во глад. Пекинг е градот каде сум роден и израснат. Културната Револуција изби во 1966 година, војната кога имав само 17 години. Ниту основно училиште не завршив, и се упатив кон варварскиот плоштад. Кога навлегов во младешките години, семето на поезијата, расеано среде билје и бетон, растеше бујно, рече Беи Дао.

За него поезијата не е логика или игра на зборови, туку е камен, кој кога ќе го удриш неколку пати ќе даде искра. Потсети на неговото учество пред 12 години, кога „Златниот венец“ го доби Томас Транстромер.

Годинашниот лауреат на СВП изрази благодарност до неговите присутни колеги и фестивалскиот совет, но и до сите од меѓународната поетска традиција.

По неговото претставување, музички настап имаше харфистката Мерсиха Шукри.

Учесниците на 54. Струшки вечери на поезијата, претходно имаа можност да разгледаат дел од културно-историските споменици во Охрид и да читаат поезија на Плоштадот пред споемикот на „Свети Климент“.