BEI THE FISH со концерт ја завршуваат својата музичка кариера

Еден од најкреативните и најиновативните македонски бендови, Беј д Фиш, на 12ти април со почеток во 22 часот, ќе ја завршат својата 12 годишна кариера, со последен концерт во Сити Хол Центар.

Сите присутни ќе имаат можност за последен пат да уживаат во концертот на еден од највлијателните бендови на Македонската музичка сценa. Бенд кој зад себе има оставено пет студиски албуми и безброј извонредни настапи во Републикава и Регионот.

Причините кои стојат зад оваа одлука на бендот, ќе бидат соопштени на самиот концерт како и низ најавените интервјуа кои ќе се појават во следниот период.

Уникатниот стил на Беј д Фиш кој беше граден низ годините, изроди хит-теми како: „When he was young“, „French cheese“, „True story“, „Livin in a box“, „Ideal woman“, “Instant generation”.

Атмосферата пред концертот со диџеј-сет ќе ја загрее Лепи Џони (The John).

Картите ќе бидат пуштени во претпродажба од 28 ми март по промотивна цена од 200 денари  во Сити Хол Центар, Custom Pub, Љубов и Happy cafe.