Бејл и Кариус за новата титула на Реал во ЛШ

Фудбалерите на Реал Мадрид се победници на Лигата на шампионите сезонава, откако во Киев со 3:1 (0:0) беа подобри од Ливерпул во мечот кој го одбележа фантастичниот гол на Велшанецот Герет Бејл и двете катастрофални грешки на германскиот голман на „редси“ Лорис Кариус.

За Реал ова е рекордна 13-та титула во најсилното континентално натпреварување во 16 финални дуели, додека Ливерпул остана со пет победи во осум финалиња.

Головите за Реал ги постигнаа Карим Бензема во 51 минута, а двоен стрелец беше Герет Бејл, во 64 и 84 минута, додека погодокот за Ливепрул го постигна Садио Мане во 55 минута. За два од трите голови на мадридските „кралеви“ директен виновник беше трагичарот на мечот Кариус.

Реал во одличното финале, особено во втората делница во која паднаа сите голови, дојде до титулата и ја продолжи серијата на непобедливост во финалните натпревари. Херој на мечот беше Бејл, со двата гола а трагичар Кариус кој направи две почетнички грешки. Покрај тоа, Ливерпул немаше среќа и во 30 минута кога по стартот на Серхио Рамос поради повреда теренот мораше да го напушти неговиот најдобар играч и стрелец оваа сезона Мохамед Салах.

Мечот ќе остане запаметен по еден од најубавите и по најбизарно примените погодоци во Лигата на шампионите. За првиот беше заслужен Бејл кој второто водство на Реал му го донесе со неверојатен шут преку главата, или популарните „ножички“ по што топката заврши во горниот десен агол под самата пречка од голот на Ливерпул. За вторите два момента за во аналите придонес Кариус кој во 51 минута осамен буквално топката ја удри во ногата на Бензема кој попречуваше дегажман, а таа заврши зад неговиот грб. Вториот кикс се случи во финишот кога Ливерпул се обидуваше да избори продолжувања, но ударот на Бејл од далечина по средината на голот и директно во голманот на Ливерпул, вториот почетнички се обиде да го „фати“, но топката преку неговите прсти повторно заврши во мрежата. Во третата минута од судиското продолжение, пак, гледач кој влета на теренот ја спречи акцијата на Роналдо за гол.

Ливерпул беше подобар во почетните дваесетина минути, кога реаловиот голман Кејлор Навас со две истрчувања во поле мораше да го спасува својот гол. Реал првпат се закани во 15 минута кога покрај голот шутираше Кристијано Роналдо, и тоа беше единствената можност за Португалецот на овој натпревар. Навас го спаси својот гол и во 23 минута, но пет минути подоцна Ливерпул доживеа голем удар кога во дуелот со Рамос потешко рамото го повреди Салах. Во 35 минута исто така поради повреда од игра мораше да излезе и бекот на Реал, Даниел Карвахал, што му се случи и во ланското финале во Лигата на шампионите.

Второто полувреме започна со стативата на Иско по големата грешка на Лалана, но затоа во 51 минута добија неочекуван подарок од Кариус кој ја погоди провизорно испружената нога на Бензема. Четири минути подоцна Ливерпул изведе корнер, Дејан Ловрен скокна највисоко во шеснаесетникот на Реал и со глава ја спушти топката во петерецот каде Мане ја спроведе во мрежата. Во 60 минута Иско повторно можеше да постигне погодок, но овојпат Кариус одлични интервенираше. Иско минута потоа беше сменет а на негово место влезе Бејл и речиси веднаш бравурозно реагираше на нафрлувањето од Марсело од левата страна и повторно ги доведе „мадридистите“ во водство. Пет минути подоцна Ливерпул немаше среќа кога стативата се испречи на шутот на Мане од дваесетина метри. Следеше потоа ударот на Бејл од повеќе од 35 метри и повторната катастрофална реакција на ливерпуловиот голман.

 

Сите финалиња на Лигата на шампионите и Лигата на шампионите

 

1955/56 Реал Мадрид – Ремс 4: 3

1956/57 Реал Мадрид – Фиорентина 2: 0

1957/58 Реал Мадрид – Милан 3: 2 (продолжување)

1958/59 Реал Мадрид – Стад Ремс 2: 0

1959/60 Реал Мадрид – Ајнтрахт Франкфурт 7: 3

1960/61 Бенфика – Барселона 3: 2

1961/62 Бенфика – Реал Мадрид 5: 3

1962/63 Милан – Бенфика 2: 1

1963/64 Интер – Реал Мадрид 3: 1

1964/65 Интер – Бенфика 1: 0

1965/66 Реал Мадрид – Партизан 2: 1

1966/67 Селтик – Интер 2: 1

1967/68 Манчестер Јунајтед – Бенфика 4: 1 (продолженија)

1968/69 Милан – Ајакс 4: 1 (продолженија)

1969/70 Феенорд – Селтик 2: 1 (продолженија)

1970/71 Ајакс – Панатинаикос 2: 0

1971/72 Ајакс – Интер 2: 0

1972/73 Ајакс – Јувентус 1: 0

1973/74 Баерн Минхен – Атлетико Мадрид 1: 1

(повторена) Баерн Минхен – Атлетико Мадрид 4: 0

1974/75 Баерн Минхен – Лидс Јунајтед 2: 0

1975/76 Баерн Минхен – Сент Етјен 1: 0

1976/77 Ливерпул – Борусија Менхенгладбах 3: 1

1977/78 Ливерпул – Бриж 1: 0

1978/79 Нотингем Форест – Малме 1: 0

1979/80 Нотингем Форест – ХСВ 1: 0

1980/81 Ливерпул – Реал Мадрид 1: 0

1981/82 Астон Вила – Баерн Минхен 1: 0

1982/83 ХСВ – Јувентус 1: 0

1983/84 Ливерпул – Рома 4: 2 (1-0, 1: 1)

1984/85 Јувентус – Ливерпул 1: 0

1985/86 Стеауа – Барселона 2: 0 (на пенали, 0: 0)

1986/87 Порто – Баерн Минхен 2: 1

1987/88 ПСВ – Бенфика 6: 5 (на пенали, 0: 0)

1988/89 Милан – Стеауа 4: 0

1989/90 Милан – Бенфика 1: 0

1990/91 Црвена Ѕвезда – Марсеј 5: 3 (на пенали – 0: 0)

1991/92 Барселона – Сампдорија 1: 0 (продолженија)

1992/93 Марсеј – Милан 1: 0

1993/94 Милан – Барселона 4: 0

1994/95 Ајакс – Милан 1: 0

1995/96 Јувентус – Ајакс 4: 2 (на пенали, 1: 1)

1996/97 Борусија Дортмунд – Јувентус 3: 1

1997/98 Реал Мадрид – Јувентус 1: 0

1998/99 Манчестер Јунајтед – Баерн Минхен 2: 1

1999/00 Реал Мадрид – Валенсија 3: 0

2000/01 Баерн Минхен – Валенсија 5: 4 (1 – 1: 1)

2001/02 Реал Мадрид – Баер Леверкузен 2: 1

2002/03 Милан – Јувентус 3: 2 (на пенали, 0: 0)

2003/04 Порто – Монако 3: 0

2004/05 Ливерпул – Милан 3: 2 (на пенали, 3: 3)

2005/06 Барселона – Арсенал 2: 1

2006/07 Милан – Ливерпул 2: 1

2008/07 Манчестер Јунајтед – Челзи 1: 1 (на пенали, 6: 5)

2008/09 Барселона – Манчестер Јунајтед 2: 0

2009/10 Интер – Баерн 2: 0

2010/11 Барселона – Манчестер Јунајтед 3: 1

2011/12 Челзи – Баерн 1: 1 (на пенали, 5: 4)

2012/13 Баерн – Борусија Дортмунд 2: 1

2013/14 Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 4: 1 (продолженија, 1-1)

2014/15 Барселона – Јувентус 3: 1

2015/16. Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 1: 1 (на пенали, 5-3)

2016/17. Реал Мадрид – Јувентус 4: 1

2017/18 Реал Мадрид – Ливерпул 3: 1

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.