Бејл сигурно ќе го нападне голот на Атлетико (М)

Предводникот на шпанскиот гигант Реал (М), Карло Анчелоти потврди дека за саботниот финален натпревар во Лигата на шампиони, на располагање ќе ги има и услугите и на најскапо купениот фудбалер на денешницата, велшкиот интернационалец, Герет Бејл.

„Нема никаков проблем кога е во прашање здравствената состојба на Герет Бејл. Мислам дека ќе ги имам на располагање и услугите на Бејл и тие на Кристијано Роналдо. Точно дека Бејл имаше големи проблеми на стартот од сезната, но кога влезе во посакуваниот ритам, Герет се покажа како многу важен фудбалер на Реал (М). Позади неговото има има добри бројки кога се во прашање постигнатите погодоци и бројот на асистенции. Многу е важно да биде максимално подготвен за финалниот натпревар во Лисабон. Приметив дека е многу мотивиран, дека со нетрпение го очекува стартот на натпреварот. За прв пат ќе биде дел од еден финален натпревар во Лигата на шампиони и убеден сум дека ќе одигра одлично”, изјави трофејниот италијански стручњак.