Спорт

Бејл веќе најави триумф над Барселона

Бејл веќе најави триумф над Барселона

Ѕвездата на Реал (М), Герет Бејл е убеден дека неговиот тим може да слави на неделниот дерби натпревар, каде за противник го има најголемиот ривал во борбата за шампионската титула, Барселона.

„Играме добро во последниот период, веруваме во сопствените квалитети и мислам дека сме на вистинската патека. Сега ќе се сконцентрираме на најголемиот предизвик, на дуелот против Барселона. Следниот противник ни е директен ривал во борбата за шампионската титула. Мора да дадеме се од себе, мора да одиграме совршено во сите 90 минути. Реал (М) има обврска да ги освои сите три бода. Барселона има тим кој е составен од одлични, искусни фудбалери, но ние сме фокусирани само на сопствената игра. И Реал (М) е тим составен од одлични и искусни фудбалери. Го имаме Кристијано Роналдо кој е најдобриот фудбалер на денешницата. Секогаш приредува вистински спектакл, пример за помладите фудбалери”, изјави велшкиот интернационалец.

Популарното „Ел Класико” ќе се одигра в недела, со почеток во 21 часот.