Бејл верува дека Реал (М) ќе реди само победи во ЛШ

Најскапиот фудбалер на денешницата и најскапа аквизиција во клупската историја на Реал (М), велшкиот интернационалец Герет Бејл е убеден дека „кралскиот клуб” може да слави во сите преостанати натпревари од годинашното издание на Лигата на шампиони.

„Свесни сме дека Лигата на шампиони е големо напреварување, дека има голема конкуренција, дека сите го сакаат победничкиот пехар. Свесни сме дека ќе ни биде пеколно тешко. Јас сум убеден дека сме подготвени за овој предизвик, дека го имаме потребниот квалитет. Јас верувам дека можеме да славиме на сите преостанати натпревари во Лигата на шампиони и дека можеме да ја освоиме јубилејната десетта титула во ЛШ“, изјави Бејл.