Бејли: Иванов повторно да ја разгледа одлуката, соседите да покажат воздржаност

бејли

Како стратешки партнер на Македонија и како пријател со целосна почит кон македонскиот суверенитет и единство го повикуваме претседателот Иванов повторно да ја разгледа оваа одлука. Истовремено ги повикуваме македонските соседи да покажат воздржаност и да бидат конструктивни во овие моменти на чувствителност во земјата, изјави Бејли во кусата изјава.

Американскиот амбасадор не сакаше да одговара на новинарски прашања по што се упати на средба со амбасадорот на ЕУ во Македонија Семуел Жбогар и со амбасадорите на другите земји членки на ЕУ.