Бејли: Избори на 5. јуни

Амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли вечерва пред Владата на Република Македонија ја објави проценката на Меѓународната заедница за тоа дали во моментов има услови за одржување предвремени парламентарни избори на 24. април.

Бејли информира дека заклучокот на ЕУ и САД е дека и покрај остварениот напредок во земјава нема услови за одржување на кредибилни избори на 24. април, а како можен датум амбасадорот го спомена 5. јуни.

Претходно од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со соопштение дека партијата ја прекинува соработката со посредувачот Питер Ван Хауте поради неговите омаловажувања упатени кон партијата, македонскиот народ и Република Македонија.

Имено, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  не учествуваше на вонредната лидерска средба која се одржа попладнево во Клубот на пратеници.