Бејли: Заедно со ЕУ работиме да се исполни договореното

Заедно со Европската Унија работиме на исполнување на тоа што политичките партии го договорија во јули, а го дополнија во август, односно работат се она што е договорено да биде исполнето, изјавил американскиот амбасадор Џес Бејли.

„Но, на крајот од денот, тоа е одлука на вашите политичари, политичките партии и конечно на граѓаните како ќе ги решат овие работи. Има се уште отворени прашања за кои вие треба да одлучите“, рече Бејли одговарајќи на новинарско прашање.

Запрашан за средбите со претставници на партиите од албанскиот блок во амбасадата Бејли вели дека такви средби се одржуваат секојдневно.