Бекембауер: Фергусон го фати вистинскиот воз

Почесниот претседател на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн Минхен, Франц Бекембауер е убеден дека легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон, во вистински момент си заминал од “Олд Трафорд” и додаде дека измената на Геце се покажала како пресудна кога е во прашање победата на баварскиот гигант во реванш 1/4 финалниот дуел од Лигата на шампиони.

“Според мене, Фергусон го фати вистинскиот воз, во вистински момент стави крај на менаџерската кариера. Го одбра вистинскиот момент за збогување со “Олд Трафорд”. Кој момент се покажа како пресуден во реванш 1/4 финалниот натпрева? Мислам дека измената на Геце се покажа како пресудна. Геце не можеше да најде лек за робусната одбрана на Манчестер Јунајтед. Гвардиола донесе вистинска одлука, со право го замени маладиот напаѓач. Средниот ред подобро функционираше после таа измена, бевме поорганизирани. Лам одлично функционира како централен играч за врска”, изјави Бекембауер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.