Бекембауер: Германија единствен ривал на Бразил

Легендарниот репрезентативец на Германија, Франц Бекембауер е убеден дека само Германија може да му биде сериозна конкуренција на Бразил кога е во прашање престојниот Мундијал кој стартува на 12 јуни.

“Го гледав сите натпревари кои Бразил ги одигра на Купот на Конфедерации. Можам да кажам дека бев импресиониран од нивната игра. Убеден сум дека така ќе одиграат и на престојниот Мундијал. Само Германија може да биде сериозна конкуренција на Бразил кога е во прашање победничкиот пехар. Сепак, тимот кој слави на Купот на Конфедерации никога ја нема освоено светската титула во следната година. Бразил ќе има сериозен проблем иако важат за апсолутен фаворит. Историјата кажува дека Бразил е најтрофејната репрезентација. Германија има одличен тим. Го имаме Шваинштајгер, Ноер, Геце, Ројс, Озил. Станува збор за млади фудбалери, продукт на нашата академија”, изјави Бекембауер.