Бекембауер го предупреди Маниел Ноер

Легендарниот репрезентативец на Германија, Франц Бекембауер призна дека не е многу среќен поради честите излети на Мануел Ноер надвор од неговиот казнен простор и додаде дека репрезентатвниот голман на Германија ризикува да прими некој непотребен погодок.

„Ноер навистина не спаси во неколку ситуации со своите истрчувања надвор од шеснаесетникот, но тој мора да разбере дека премногу ризикува. Треба да се биде реален и да се посочи дека тој два пати имаше и многу среќа бидејќи едвај стигнуваше прв до топката пред противничкиот играч, ризикувајќи доколку се случеше спротивното да добие директен црвен картон. Затоа, би му порачал против Франција да седи мирен на својот гол. Се надевам дека во одбраната ќе се врати Матс Хумелс, кој ќе ја направи нашата одбрана многу постабилна“ , изјави Бекембауер.