Бекембауер: Ван Гал е идеална опција за Манчестер Јунајтед

Легендарниот репрезентативец на Германија и почесен претседател на Баерн Минхен, Франц Бекембауер е убеден дека актуелниот селектор на фудбалската репрезентација на Холандија, Луи ван Гал е идеално решение кога е во прашање менаџерската функција во редовите на Манчестер Јунајтед.

“Ван Гал е совршен за Манчестер Јунајтед. Го има потребното интернационално искуство и одлично го разбира англискиот фудбал. Не знам дали станува збор за некоја новинарска шпекулација или навистина има некакви преговори со холандскиот стручњак, но со Ван Гал, Манчестер Јунајтед ќе си обезбеди успешна иднина. Ван Гал може да се пофали дека има освоено многу титули, бил успешен и како тренер на Ајакс, Барселона и Баерн Минхен. Знаеме колку е амбициозен, дека е вистински професионалец и дека сака голема дисциплина. Има се што е потребно за да биде менаџер на Манчестер Јунајтед”, изјави Бекембауер.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.