Спорт

Бекенбауер: Германија тешко може да биде победена

Бекенбауер: Германија тешко може да биде победена

Легендарниот германски фудбалер Франц Бекенбауер, го пофали селкторот на новиот светски шампион, селекцијата на Герамнија, Јоаким Лев, по освоената титула на Мундијалот во Бразил.

“Јоаким направи се како што требаше, а Германија заслужено стана светски шампион. Беше најдобар тим за време на целиот турнир. Ова беше најдобрата игра на Германија на еден Мундијал, а успехот се должи на тимскиот дух, а не на поединци. Во нашиот тим немаме ѕвезди како Меси или Роналдо, нашата супер ѕвезда е колективот”, истакана Бекенбауер

Тој додаде дека германскиот е многу силена и дека нема да може да биде победен уште долго време

“Германскиот тим многу тешко може да биде победен во следните неколку години. Нема да направам грешка доколку кажам дека ќе бидеме непобедливи уште некое време, додаде Бекенбауер.