Бекенбауер ја „потресе“ цела Германија

Почесниот претседетал на Баерн Минхен, Франц Бекенбауер ги подгреа шпекулациите дека Пеп Гвардиола ќе си замине од клубот по крајот на сезоната, откако изјави дека постои веројатност Јирген Клоп да го преземе неговото место.

Ваквата изјава на Бекенбауер, е нова „шлаканица“ за навивачите на Борусија Дортмунд кои во претходните две сезони гледаа како Марио Гетце и Роберт Левандовски го засилуваат лутиот ривал Баерн.

Како што вели почесниот претседател на Баерн, Франц Бекенбауер, неговиот тим веќе размислува на Јирген Клоп како евентуална замена за Пеп Гвардиола, иако потенцира дека во овој момент не гледа зошто шпанскиот стручњак би си заминал од Алианц Арена.

-Секако дека можам да го замислам Клоп како наследник на Гвардиола. Кога јас бев претседател, често говоревме за тоа дека Клоп одлично би се вклопил на системот на работа кој го негува Баерн. Тој дефинитивно останува можна опција за Баерн. Единственото прашање кое се поставува сега е колку долго ќе остане Гвардиола во Минхен. Во овој момент не можам да замислам дека тој ќе си замине во 2016, тој го сака Минхен и добива се што ќе посака како тренер, изјавил според многумина најдобриот фудбалер во историјата на германскиот фудбал.

Јирген Клоп веќе обелодени дека по завршувањето на сезоната сигурно ќе го напушти таборот на „милионерите“ а за сега се уште нема официјална потврда за тоа која ќе биде неговата следна дестинација.