Спорт

Бекенбауер направи интересна компарација

Бекенбауер направи интересна компарација

Според многумина, Франц Бекенбауер е најдобриот германски фудбалер на сите времиња, а тоа пак го прави и компетентен да се изјаснува за случувањата во светот на фудбалот. Таква беше и неговата изјава за „Билд“, во која потенцираше дека легендата на Холандија Јохан Кројф во денешно време на трансфер пазарот би вредел милијарди евра.

„Кога денешните фудбалери како Бејл и Роналдо вредат околу 100 милиони евра, Јохан би вредел милијарди евра. “ – изјави Бекенбауер.

Тој додаде дека ангажманот на шпански играчи во Баерн Минхен предводен од Гвардиола е добра работа за Бундес лигата, со оглед на тоа дека тоа се многу квалитетни фудбалери и големи професионалци. Тој исто така нагласи и дека не постои опасност од премногу шпанци во еден клуб, откако анилитичарите го нападнаа Гвардиола за колонизација на Минхен.