Бекер пронајде начин како да не ги плати долговите

Tениската легенда Борис Бекер се повика на дипломатски имунитет за да избегне нова тужба за долговите. Неговите адвокати велат дека статусот на дипломат, за кој го именувала Централната Африканска Република, го штити од тужби.

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња и поранешен број 1 на АТП листата поради лоши инвестиции се доведе самиот до тоа дека должи милиони. Германецот лани официјално отиде во банкрот, а потоа беше објавено дека на банката Arbuthnot Latham должи околу 61 милиони долари. Во моментов тој е обвинет за „дополнителни долгови“, а во меѓувреме му беше блокиран имотот, па дури и на трофеите кои ги освои во плодната кариера. Тој мораше да продаде и три трофеи од Вимблдон.

Централна Африканска Република во април годинава го назначи за „спортски и културни соработник со ЕУ“, поради што неговиот тим за одбрана сега тврди дека Бекер е заштитен од законски прогон во било која земја додека го носи статусот на препознатлив дипломатски претставник.

Бекер претходно изјави дека постапката против него не е фер и дека се води неоправдано, како и дека отворањето на банкрот му предизвикало многу штета. Тој, исто така, кажа дека се повикува на дипломатски имунитет за „да ја заврши оваа фарса“.