Бекер за Новак е исто што и Гвардиола за Баерн (Минхен)

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер  претрпе остри критики  откако српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше елиминиран во четвртфиналето на првиот годинешен грен слем турнир Австралија опен. Но,  Германецот е убеден дека може да придонесе српскиот тенисер уште повеќе да напредува во својата игра, споредувајќи ја сопствената улога како тренер со онаа што Шпанецот Пеп Гвардиола во Баерн Минхен.

„Мојата цел е да ја подобрам неговата тактика, но и да му помогнам да усоврши одредени ментални аспекти. Такво нешто за задача има и Гвардиола по своето доаѓање во Баерн Минхен, кој има скоро совршена игра, станува збор за вистинска машина за победи, исто како и Ѓоковиќ. Приоритет во моментов е да најдеме начин Новак побрзо да ги завршува поените, за да не се троши премногу во текот на мечевите“,  изјави Бекер.

Предизвикот за враќањето на врвот на АТП-листата е навистина огромен, ако се знае дека Новак веќе заостанува 3.750 бода во однос на лидерот Рафаел Надал.